Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Втора победа за ФК Вардар генер. 2007, додека генер. 2009 одигра со нерешен резултат, во 2.коло на „Кул Куп 2019“
Втора победа за ФК Вардар генер. 2007, додека генер. 2009 одигра со нерешен резултат, во 2.коло на „Кул Куп 2019“

Втора победа за ФК Вардар генер. 2007, додека генер. 2009 одигра со нерешен резултат, во 2.коло на „Кул Куп 2019“

Две генерации на ФК Вардар го одиграа второто коло на меѓународниот турнир „Кул Куп“ кој од денес стартуваше на стадионот на Цементарница.

Генерацијата 2007 на ФК Вардар се пласира во 1/4 финалето, откако стигна и до втората победа во својата група. Избраниците на Горан Петрески убедливо ја совладаа екипата на Драчево (3:0). Противничката екипа долго време даваше отпор, но сепак Вардар покажа повторно карактер. Првиот удар кон противничкиот гол го имаше Крстевски кој биеше над голот, додека се закани и Томовски, но одбрани голманот на Драчево. Црвено-црните имаа целосна доминација на овој меч, го контролираа натпреварот и прашање на време беше само кога ќе попушти одбраната на драчевци. Шанса имавме и преку Младеновски кој со глава биеше над голот, додека најзрелата шанса во овој дел од мечот ја имаше Злате Радевски, кој немаше среќа и ја погоди само стативата.

1 2

Се редеа шансите пред голот на противникот, обиди имаа Крстевски и Грашески, но резултатот остана непроменет. Стефан Младеновски успева да го отвори резултатот и да му донесе водство на Вардар од 1:0, нашиот напаѓач погоди на одбиена топка, откако прво биеше Шаботиќ. Во последните пет минути од натпреварот постигнавме уште два гола. Најпрво погоди Лука Атанасовски, после нафрлена топка од корнер на Грашески, за 2:0, додека конечните 3:0 на овој дуел ги постави Мичо Поповски.

3 4 5

До голем бод стигна и генерацијата 2009 на Вардар која ги зголеми шансите за пласман во 1/4 финалето. Избраниците на Кралевски одиграа 1:1 со екипата на Прилеп-Тони-Прилеп. Се играше цврст дуел, не видовме многу шанси, а двете екипи постигнаа по еден гол. Пред да го отворат резултатот, екипата на Прилеп имаа два обиди кон нашиот гол, но Баснарков успешно одбрани. Кај Вардар од прекин се закани Јаков Стојковски, но одбрани голманот.

7 8

Екипата на Прилеп прва го отвори резултатот и поведе со 1:0, додека Вардар успева да израмни во последните 3 минути од мечот. Најпрво биевме од слободен удар, одбрани голманот, кој за момент ја одби топката, на вистинското место се најде Андреј Кралевски кој успева да ја вметне топката во мрежата и да ги постави конечните 1:1 на овој дуел.

9 10

Во текот на утрешниот ден не очекуваат нови натпревари, за сите четири генерации на ФК Вардар.