Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардар гостува кај Мотор Запорожје, по нови бодови во СЕХА-лигата
Вардар гостува кај Мотор Запорожје, по нови бодови во СЕХА-лигата

Вардар гостува кај Мотор Запорожје, по нови бодови во СЕХА-лигата

Денес не очекува нов натппревар во рамките на 2. коло од ракометната СЕХА-лига. Вардар гостува во Украина, кај екипата на Мотор Запорожје.

Црвено-црните отпатуваа на овој меч без неколку играчи, кои ќе недостасуваат на овој дуел. Покрај веќе отсутните Стоилов и Толедо, тренерот Давид Писонеро за дуелот со Мотор Запорожје нема да може да смета на услугите на Калифа Гедбан, кој не доби виза за патување во Украина и на Сташ Скубе, кој се пожалил на повреда, на еден од тренинзите. Прво решение на голманската позиција ќе биде Артурс Кугис, кој не беше во составот за дуелот со Пекинг Спорт, додека алтернатива на позицијата среден бек, покрај Павел Атман, ќе го имаме и Мартин Карапалевски. Како замена за Кугис на голот, ќе биде уште еден млад надежен играч, се работи за Марко Кизиќ.

Мотор Запорожје не е воопшто наивен противник, се работи за екипа која последниве сезони игра и во групната фаза од Лигата на Шампионите, додека ова за нив е прва сезона во СЕХА-лигата. Во нивните редови игра и поранешен ракометар на Вардар, се работи за Стеван Вујовиќ, додека на голот е рускиот репрезентативец, Виктор Киреев. Се работи за цврста екипа, која тешко дава бодови пред своите навивачи, па денес не очекува сигурно квалитетен и неизвесен натпревар. Денешниот меч против Мотор Запорожје ќе биде последна контрола за Вардар, пред отварање на сезоната во ЛШ и гостувањето кај екипата на Монпелје. Ослабени сме за денешниот дуел, но сигурни сме дека нашиот шампион ќе го даде најдоброто од себе да издвојува триумф.

 Денешниот меч стартува од 16:15 часот, директен пренос ќе емитува МРТ и Арена Спорт 3.