Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Денес Вардар во Ѓорче ќе одигра контролен натпревар со Македонија Ѓ.П
Денес Вардар во Ѓорче ќе одигра контролен натпревар со Македонија Ѓ.П

Денес Вардар во Ѓорче ќе одигра контролен натпревар со Македонија Ѓ.П

Паузата поради играње на квалификациски натпревари за пласман на Европското првенство во 2010 година, екипата на ФК Вардар ќе го искористи за одигрување на контролен натпревар.

Денес со почеток од 16:30 часот во Ѓорче, црвено-црните ќе одиграат пријателски натпревар со екипата на Македонија Ѓ.П. Тренерот Васоски ќе го има на распоагање комплетниот состав, со оглед дека немаме играчи кои имаат репрезентативни обврски. Во екипата ќе недостасуваат младите Бојан Димовски и Џемал Ибиши, кои се здобија со повреди, при настап за селекцијата до 19 години на контролните мечеви со Бугарија.

 После четири одиграни кола во ПМФЛ, Вардар има 7 освоени бодови и се наоѓа во серија од две последователни победи.