Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > Slider > Без победник во дербито, Вардар и Шкендија ги поделија бодовите
Без победник во дербито, Вардар и Шкендија ги поделија бодовите

Без победник во дербито, Вардар и Шкендија ги поделија бодовите

 Вардар и Шкендија ги поделија бодовите во дербито на ПМФЛ. На стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари, мечот заврши со почетниот резултат 0:0.

Вардар стартуваше во следниот состав: Гачевски (c), Тошевски, Манев, Новак, Жуниор Најдовски, Мицевски, Аврамовски, Фелипе, Цветановски, Лира.

1

Во првото полувреме гледавме голема борба на теренот, Вардар можеби имаше поголем посед на топка, но Шкендија ја имаше најконкретната прилика за отварање на резултатот. Први кои се обидоа беа гостите од Тетово кога Енур Тотре се обиде, но нашиот капитен на голот, Гачевски успешно го скроти ударот. Вардарци вратија преку Матеј Цветаноски кој продре од левата страна, но завршниот удар беше блокиран од противничкиот играч, па заврши покрај десниот голмански дирек на Шкендија. Двете одбрани беа на своето ниво, немаше многу опасни приоди кон двата гола во првите 45 минути. Агим Ибраим можеше лесно да ја доведе Шкендија во водство, кога му се укажаа две прилики пред нашиот шеснаесетник,првиот удар му го одбрани Гачевски, но одбиената топка повторно стигна до него кој биеше за малку над нашиот гол.

3

Вардар се обидуваше да создаде некоја прилика, често проигрувавме преку Фелипе, но немаше голема прилика за погодок. Од околу 25 метри се обиде и Тошевски, но само во рацете на добро псотавениот Реџепи. Некако најактивни бевме по таа лева страна каде напаѓаше Матеј Цветановски, кој се проби, шутираше, но брани гостинскиот голман, па резултатот остана непроменет. Се обидовме и од корнер, кога нафрли Фелипе, но Реџепи избацува пред Лира да стигне до топката. Последниот обид во првото полувреме, го имаше противникот преку Фазли, но повторно на висина на задачата е Гачевски, кој го брани неговиот удар. На полувреме се замина со почетните 0:0 на овој дерби меч од ПМФЛ.

2

Во првите десет минути од вториот дел не видовме поголема опасност кон двата гола, црвено-црните се обидоа од прекин, кога биеше Мицевски, кој го закачи живиот зид на противникот, па топката оди во корнер. Кај двете екипи судијата покажа и по еден жолт картон во овој период од натпреварот. Голема прилика за Вардар, кога Тошевски нафрли од десната страна во противничкиот шеснаесетник, највисок беше Лира кој бие со глава, но за малку над голот на Шкендија.

5

Гостите од Тетово се обидоа преку Алими, кој шутира високо над нашиот гол. Прва измена во нашите редови, од игра излезе Цветановски, на негово место е напаѓачот, Џемал Ибиши. Две измени во својот состав направи и противничкиот тренер, се ближеше крајот на дуелот, а резултатот се уште не се промени. На местото на Аврамовски, во игра е Кларенс Битанг. До крајот на мечот без поголеми возбудувања, дербито заврши без победник.