Tuesday ,21 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > ФК Вардар: Љутфи Билали нов играч на црвено-црните
ФК Вардар: Љутфи Билали нов играч на црвено-црните

ФК Вардар: Љутфи Билали нов играч на црвено-црните

Повратникот во ПМФЛ, Вардар најтрофејниот фудбалски колектив објави ново засилување. Нов член на „црвено-црните“ е Љутфи Билали, поранешен фудбалер на Силекс, Пелиcтер, Ренова…

„Љутфи Билали е нов играч во Вардар. 31-годишниот напаѓач во нашата лига има настапувано во екипите на Силекс, Металург, Пелистер, Ренова, Гостивар и Беса, а богато интернационално искуство има од екипите на Интерблок и Целје (Словенија), Конкордиа (Швајцарија), Егиниакос (Грција), Хака (Финска), Бардејов (Словачка). Добредојде во најтрофејниот клуб во Македонија Љутфи!“, соопшти клубот.