Wednesday ,01 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Бронза за ФК Вардар генерација 2010 на силниот меѓународен турнир „Њу Старс Куп 2023“
Бронза за ФК Вардар генерација 2010 на силниот меѓународен турнир „Њу Старс Куп 2023“

Бронза за ФК Вардар генерација 2010 на силниот меѓународен турнир „Њу Старс Куп 2023“

Во изминативе три дена, генерацијата 2010 на ФК Вардар предводена од Зоки Тасески се натпреваруваше на силниот меѓународен турнир „Њу Старс Куп 2023“. Одличен успех за вардаровите надежи кои на крајот се закитија со бронзениот медал, во конкуренција на 12 екипи кои беа поделени во три групи.

Вардар убедливо го освои првото место во групата со максимални три остварени победи. Бевме подобри од екипата на Фит Кит (4:0), Њу Старс (4:0) и Албион (3:2).

Во 1/4 финалето, младите вардарци беа подобри од екипата на Победа Валандово, дури после подобро изведување на удари од белата точка (3:1), откако натпреварот во регуларниот дел заврши со нерешени 1:1.

376835040_283602197760207_7905072011071932763_n

Во рамките на полуфиналето, немавме среќа и загубивме после изведување на удари од белата точка (2:3), откако натпреварот во регуларниот дел заврши со почетните 0:0.

Во борбата за бронзениот медал, нашите млади надежи беа подобри од екипата на Брегалница од Штип, која ја совладаа со убедливи 5:0.

За најдобар стрелец на турнирот е прогласен нашиот играч, Мартин Краљевски. Честитки до генерацијата 2010 за постигнатиот успех.