Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Блажевски: Треба да мислиме добро да се подготовиме за настапите во Европа каде што се надеваме и посакуваме успешно лето

Блажевски: Треба да мислиме добро да се подготовиме за настапите во Европа каде што се надеваме и посакуваме успешно лето

Дејан Блажевски е фудбалерот на Вардар кој и oваа сезона е најефикасен стрелец кај “црвено – црните”. Блажевски секогаш играл одлично против тимот на Ренова, и оваа сезона нашиот крилен играч ги донесе двете победи против овој тим. Пред овој дуел на Вардар, токму Блажевски за официјалниот сајт на клубот даде изјава за дуелот со Ренова, но и за квалификациите во ЛШ. Во продолжение целата изјава на нашиот играч:

„Немам ништо против повторно да ја победиме Ренова и повторно јас да бидам стрелец. Но, во прв план е победата и трите бода на екипата. И покрај тоа што теоретски сме веќе на првата позиција, секако дека и во недела одиме на три бода“, истакна Блажевски. 

„Ни остануваат уште овие три натпревари и потоа одиме на мал одмор. Секако дека посакуваме девет бодови од последните три меча, и ќе настојуваме да ги освоиме. Потоа треба да мислиме добро да се подготовиме за настапите во Европа каде што се надеваме и посакуваме успешно лето. Сепак, сега сме фокусирани кон овие три меча на кои што ќе се обидеме да дојдеме до сите победи“, рече Блажевски.