Попладнево во просториите на ФФМ беа извлечени судиите за престојното коло во ПМФЛ. На натпреварот во Скопје на кој се среќаваат Вардар и Ренова, правдата ќе ја дели струмичанецот Марјан Гоцевски.
Интересно е тоа што на минатите два натпревари каде што судеше овој судија, Вардар претрпе два порази, време е оваа црна серија да запре. Oвој натпревар ќе биде одигран в недела со почеток во 16 часот и 30 минути.