Три Вардарови млади екипи ќе играат во финалињата од Купот на Република Македонија ова сезона станува збор за пионерите на ФК Вардар, и генерациите 2002 и 2003 година. Фудбалската федерација на земјава за првпат ќе овозможи директен пренос од сите Куп финалиња во младите категории.
Први кои ќе го одиграат своето финале се пионерите кои се предводени од тренерот Сашо Тодоровски. Нивна последна пречка за трофејот ќе биде екипата на Работнички, а големото финале е закажано за 24-ти мај (среда) со почеток од 10:00 часот, на стадионот “Билјани извори“ во градот Охрид. Вардарци два пати сезонава го победија овој противник во рамките на натпреварите од првенството. На гостински терен славевме со резултат 0:1, додека на академијата триумфиравме со резултат 4:2. Момците на Томче Трајановски од генерацијата родени 2003 ќе играат на 1.06.2017 (четврток, 17:30) со екипата на Академија Пандев. Повозрасните од генерацијата родени 2002 ќе играат два дена подоцна односно на 03.06.2017 (сабота, 10:30) со екипата на Работнички во дуелот за пехар.
Фудбалската Федрација на Македонија од сите натревари ќе има врши директен пренос на ТВ платформата, tv.ffm.mk