Tuesday ,16 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардар – Металург со пренос на ТВ Телма
Вардар – Металург со пренос на ТВ Телма

Вардар – Металург со пренос на ТВ Телма

Завршницата од овогодинешниот Куп на Македонија во ракомет, ќе биде целосно емитуван на телевизијата Телма. Вардар во полуфиналниот меч ќе се судри со најголемиот конкурент и оваа сезона за купот, тимот на Металург.

Овој полуфинален натпревар ќе биде одигран утре со почеток во 20 часот и 30 минути. Очекуваме еден интересен дуел, секако на крај очекуваме нашиот шампион да слави победа и да се пласира во финалето каде ќе го брани трофејот в недела. Инаку во другото полуфинале се среќаваат тимовите на Еурофарм Работник и Охрид.

Оваа година овој Ф4 турнир ќе биде одржан во градот Битола.