Во четвртото коло од првата Македонска фудбалска лига, на стадионот во Ѓорче ќе се сретнат екипите на Вардар и Металург. Во очекување е црвено-црните да ја продолжат победничката серија од претходните два дуела. Тимот од железара се наоѓа на предпоследното место на табелата, со само еден освоен бод. Екипата е многу подмладена оваа сезона, без некои поголеми амбиции за висок пласман. Најдобриот стрелец Дејан Блажевски најавува освојување на трите бода.
-Ние на секој натпревар одиме на победа, така ќе и биде утре против Металург. Иако во нивниот состав има многу млади играчи, ние не смееме ни најмалку да ги потцениме. Мора да влеземе 100% мотивирани, ако сакаме да победиме.
Вардар после двата триумфи против Шкендија и Младост, во победничка атмосфера го очекува овој меч.
-Формата после двете победи ни е на повисоко ниво. Самодовербата ни се врати и очекувам во среда да продолжи, изјави Блажевски за нашиот сајт.
Звонко Ивановски