Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > 4/4 за Вардар против Металург во серија, одиме на 5 од 5
4/4 за Вардар против Металург во серија, одиме на 5 од 5

4/4 за Вардар против Металург во серија, одиме на 5 од 5

Нашиот шампион има одличен меѓусебен биланс против Металург. На последните четири натпревари кога се сретнале овие два скопски тима, секогаш победник бил Вардар. Како гостин пред две години Вардар на Железарница го победи Металург со 1:4, потоа Вардар беше домаќин на следните три пресметки кои ги доби. Најпрвин на 09.11.14 нашиот тим победи со 3:1, потоа на 10.03.15 нашиот тим победи со 2:1, за на крај минатата сезона да ја заокружи успешно против Металург со 2:0 на 03.05.15.

Очекуваме и овој пат нашиот тим да дојде до убедлива, и лесна победа против стариот познаник екипата на Металург. Натпреварот се игра од 16 часот и 30 минути.
Фото: fkvardar.mk