Започна “Вардар турнирот, на кој нашиот состав ја забележа првата победа на истиот. Прва жртва беше екипата на Нексе, која беше убедливо совладана со резултат 36:26. Целиот тим прикажа добра игра, сите играчи го покажаа својот квалитет. Ние сепак го издвојуваме младиот руски “бомбардер“ Александер Деревен кој остави најголем впечаток. За само едно полувреме поминато на теренот беше наш најефикасен ракометар.
Мечот го заврши со вкупно 6 постигнати голови, од исто толку упатени удари кон голот на противникот. Забележа и неколку асистенции до пикерот Стоилов кој без проблем ги претвараше во голови. Деревен со своите страшни удари ја воодушеви присутната публика во салата, младиот Русин е несомнено големо засилување за Вардар. Летото беше и во изборот за најдобар млад игра, каде победи уште еден наш ракометар, Алкес Душебаев.
Минатата сезона Деревен беше најдобар стрелец за Ч. Медведи во лигата на шампионите. Негови одлични партии против Вардар минатата година ги препозна тренерот Гонзалес, кој реши да го доведе кај нашиот шампион. Располага со силен и моќен удар но и со прегледност во играта, која го краси левиот бек на црвено-црните. Со звукот на сирената на првото полувреме, постигна добар гол кој заврши во горниот лев агол. За добрата игра доби и честитки од неговите соиграчи.