Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Лацковиќ за Вардар Фанс: Функционираме на многу високо ниво
Лацковиќ за Вардар Фанс: Функционираме на многу високо ниво

Лацковиќ за Вардар Фанс: Функционираме на многу високо ниво

Екипата на Рк Вардар со победа стартуваше на првиот натпревар на “Вардар турнирот“ кој до четврток ќе се игра во С.Ц.Јане Сандански. Ова беше прв меч за црвено-црните во Скопје, на кој можевме во живо да ги видиме и новите засилувања. Избраниците на Гонзалес покажаа добра игра, имаа водство од самиот почеток кое на моменти достигнуваше 13 гола разлика. Еден од повратниците во екипата, Блаженко Лацковиќ ги сподели своите импресии по завршување на првиот дуел на овој турнир.

Одлично за прв натпревар, победивме со десет гола разлика. Го решивме мечот уште во првите десет мнути. Покасно ротиравме и сите се обидувавме да се воиграме на некои позиции. Пробавме 5-1 во одбраната, исто така и 6-0 добро функционираше, како и контра нападите. Потоа малку се отпуштивме во второто полувреме, но тоа е нормално кога имаш двоцифрена предност.

Лацковиќ минатата година имаше незгодна повреда, поради која го пропушти поголемиот дел од сезоната. Сега се чуствува одлично и вели дека повредата е минато.

Одлично се чуствувам, припремите завршија и добро поминаа. Физички и психички сум подготвен за игра, така да немам проблеми веќе со повредата. Денес играв само во одбраната на некои позиции, кои ги бараше да ги исполнам тренерот Гонзалес. Малку истрчував и во нападот, така спремен ќе ја дочекам сеха-лигата.

Новите засилувања покажаа висок квалитет на игра и полека се вклопуваат во екипата.

Уште денес се виде дека функционираме на многу високо ниво. Секако дека треба да работиме уште на некои работи, но тоа е нормално. Само месец дена сме заедно, што не е голем период. Кога ќе започнат натпреварите во сеха-лигата, против Веспрем, Загреб, Брест како и настапите во лигата на шампионите, тогаш се ќе си дојде на свое место. Концентрацијата ќе биде многу поголема на тие дуели. Како и да е, задоволен сум од првиот меч на турнирот, изјави Лацковиќ за нашиот сајт.

Звонко Ивановски