Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Блажевски: Во Анталија имавме одлични подготовки
Блажевски: Во Анталија имавме одлични подготовки

Блажевски: Во Анталија имавме одлични подготовки

Вардарци ги одбработија контролките и подготовките во Анталија, Турција. Црвено-црните имаа одлични мечеви, на кои забележаа солидни резултати. За овие зимски подготовки капитенот на тимот, Дејан Блажевски изјави:

.

“Задоволни сме од одработените подготовки и максимално подготвени и мотивирани влегуваме во продолжението на првенството. Сите сме убедени дека имаме квалитет да ја оствариме нашата основна цел, а тоа е враќање на Вардар во првата лига. Се враќаме во Скопје каде што исто така интензивно продолжуваме со темпирање на формата за најбитниот дел од сезоната. Засилувањата кои што дојдоа одлично се вклопија и го кренаа нивото на квалитет на играта, додека помладите играчи со својот однос и квалитет исто така заслужуваат да бидат во првиот тим. Се гледаме на стадион, изјави Блажевски за официјалната страна на клубот.