Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > Интервјуа > Огнен Бојковски: Ќе продолжам да тренирам напорно, и еден ден би сакал да заиграм во првиот тим на Вардар
Огнен Бојковски: Ќе продолжам да тренирам напорно, и еден ден би сакал да заиграм во првиот тим на Вардар

Огнен Бојковски: Ќе продолжам да тренирам напорно, и еден ден би сакал да заиграм во првиот тим на Вардар

Втора сезона по ред, генерацијата на ФК Вардар родени “2008“ година успеа да стане шампион на Македонија, во рамките на детската лига. Нашите млади надежи кои беа предводени од Павел Неделковски на завршниот турнир беа доминантни, совладувајќи ги убедливо екипите на Дарданет (10:1), Фљамуртари (4:1) и во големото финале совладани беа и Академија Пандев (5:1).  Дел од шампионската генерација е стоперот Огнен Бојковски, кој има значителен придонес во добрите резултати и освоеното прво место. Тој заедно со Матео Кесиќ се последната пречка за противниците пред нивниот гол, а малиот број на примени голови е заслуга токму на последната дефанзивна линија. Во следното наше интервју ве запознаваме токму со Огнен Бојковски.

vardarfans-naslovna

1. Од каде желбата за фудбал и дали овој спорт беше првиот со кој започнавте ?

-Откако знам за себе сакам фудбал,почнав да тренирам фудбал бидејќи мојот постар брат тренира фудбал, следејќи го брат ми на тренинзите посакав и јас да тренирам.

2. Кога беа вашите први почетоци со фудбалската топка, во кој клуб започнавте да тренирате и кој беше првиот тренер со кој имавте можност да соработувате?

-Моите почетоци се на 5 годишна возраст. Првиот клуб во кој што тренирав е ФК Металург таму тренирав 2 години. Првиот тренер ми беше Коста( Бимбо).

3. Со генерацијата “2008“ на Вардар успеавте и втора последователна сезона да станете шампиони на Македонија. Како вие ја видовте оваа сезона и колку сте задоволни од прикажаната игра и остварените резултати, сметаш ли дека заслужено го освоите трофејот ?

314-660x3301-660x330

-Со напорни тренинзи благодарение на нашиот тренер Павел Неделковски успеавме вторпат по ред да бидеме шампиони во Македонија. Презадоволен сум од постигнатото, со тимска работа и желба за победа секако дека резултатите се неизбежни.

4. Претежно настапувате на позицијата стопер, на мечевите во детската лига. Дали мислите дека ова е вашето идеално место на теренот, или можете да се пронајдете и на друга позиција ?

-Моментално тренерот смета дека позицијата стопер најмногу ми одговара, но мислам дека можам успешно да играм и на други позиции.

35305986_10212209611617679_3936963569806999552_n-660x330

5. Вие бевте генерацијата која настапи на најмногу меѓународни турнири оваа сезона. Кој според вас беше најсилен и дали противниците на турнирите се многу поквалитетни од оние, кои со вас се натпреваруваат во детската лига ?

-Сите турнири беа силни но би го издвоил турнирот во Нови Сад, таму игравме со најдобрите фудбалски школи и пошироко. Разликата од турнирите на кои настапивме и нашето првенство по квалитет е многу големо, бидејќи во првенството утакмиците ги добиваме со голема гол разлика а на турнирите е многу по неизвесно.

6. Кои фактори според вас се пресудни и најважни за еден млад играч да биде успешен и во иднина ?

-Најважно е да се биде редовен на тренинзи, да се работи максимално на секој тренинг ,да се слушаат тренерите и да се биде многу упорен.

97

7. Сигурно дека имате свој идол, од кој најмногу сакате да го гледате и да учите од него ?

-Мој голем идол е стоперот на Реал Мадрид, Серхио Рамос.

8. Вардар располага со Академија, каква што имаат и Европските клубови. Какви се условите за работа и дали нешто недостасува ?

-Академијата на Вардар е една од најдобрите на Балкан и пошироко. Условите за работа се одлични какви што би посакал секој млад играч за правилен развој.

9. Како ќе го опишете вашиот тренер, Павел Неделковски, како стратег и личност ?

01-660x330

Тренерот Павел Неделковски е најзаслужен за нашите успеси со неговата пожртвованост на секој тренинг ни ги открива тајните на фудбалската игра. И тој е најзаслужен за мојот напредок и за напредокот на моите соиграчи.

10. Дали Огнен има некоја цел и желба која сака да ја исполни за во иднина ?

-Секако дека ке продолжам да тренирам напорно, и еден ден би сакал да заиграм во првиот тим на Вардар, а би сакал да играм и во некој од поголемите европски клубови кои се натпреваруваат во Лигата на Шампионите.

221

Звонко Ивановски