ФК Вардар заслужено беше поразен денес во Велес, екипата на Борец ни нанесе пораз со резултат 2-0 (1-0).
Во првите 15.минути, Борец беше поактивен и постојано напаѓаше, особено од нашата десна страна во одбраната. Ние бевме постојано во дефанзива, домаќинот успеа по една добра акција да поведе со 1-0. Мишов во 16.минута по проигрување пред самиот гол стрелаше крај Илиќ за наша негатива. Се обидовме да се ослободиме од притисокот и да направиме рамнотежа. Блажевски се трудеше највеќе од сите, уфрлаше во казнениот простор, асистираше, повлекуваше сам. Никола Илиевски-Џиџи во 31.минута направи двојна замена незадоволен од текот на дуелот. До крајот на првите 45.минути немавме удар во голот на домашните за одбележување, Борец се закануваше со контил по бочните линии каде доминираа. На пауза заминавме со гол негатива и надеж за подобар втор дел.
На самиот почеток на вториот дел имавме среќа, удар на домаќинот мина крај нашиот гол во 47.минута, топката ја упати Мишов стрелецот на единствениот гол дотогаш. Во 54.минута, Блажевски одлично со надворешна го пронајде Петровски Филип, за жал одбраната на велешани во последен момент исфрли во корна. Блажевски кој денес дефинитивно се трудеше највеќе нафрли од слободен удар, Филип Петровски упати удар со глава кој го скрати домашниот голман во 62.минута. Во 81.минута беше ставен печат на овој напревавар и на нашата надеж за изедначување, велешани зголемија на 2-0. Стрелец беше Трајковски кој доби асистенција од Адили.