Денес, ЖРК Вардар стави нова “цртка“ на победничката пролет, дојдовме до 7ма победа на исто толку одиграни лигашки дуели. Го совладаве тимот на Шампион со високи 39-19, девојките на Ристова и Царчев одигаа перфектна одбрана која донесе плод.
По почетните три „стерилни“ минути гостинот поведе со 0-1 во 4.минута, одма по 15.секудни со соло продор изедначи (1-1) Галевска Марија. За пет минути потоа, одбраната наша и Трајкоска не дозволија ниту еден гол, ние погодивме пет пати. Во 9.минута водевме 6-1 по погодокот на Диневска Бојана од контра-напад, во оваа серија два одлични гола имаше и Дамјаноска Кате. Шампион се разбуди и за 30.секунди намали на 6-3 покажувајќи „заби“. Сепак тоа беше се ние поведовме со 10-3 преку Диневска, а клупата на ривалот побара два тајм-аути со цел да не се одлепиме. Првпат со двоцифрена разлика (14-04) поведовме во во 17.минута преку Диневска. Ристова ги уфрли во игра, Миновска, Попова, Лазаровска и Коцева кои исто така продолжија во пеколно темпо да го полнат голот на ривалот. Во 23.минута по одбранет пенал на Трајкоска и со гол на младата Коцева Бојана отидовме и на плус 15 на овој дуел (20-5). На пауза се замина со резултат 23-9 во наша корист, првиот дел го доигравме одлично доминиравме и често казнуавме преку контри каде Трпевска и Диневска беа немилосрдни.
.
Отворивме со гол на пикерот Џатевска Ивана ривалот врати за почетни 24-10. Имавме доста исклучувања поради борбената игра во воведните минути во овој период, па противникот искористи. Тие дојдоа на 10.негатива (25-15) во 39.минута. Вардарки веднаш заиграа одлично во одбрана, Грујовска спречи погодок од пенал, и фати зицер, тоа во напад беше наградено. Па во 47.минута поведовме со 31-15 преку Фани Ѓорѓиевска која погоди за црвено-црниот тим. Вардарки беа за класа подобри од својот ривал, нивниот голман колку толку ги одржуваше во баланс и спречи тотател потоп. Се беше решено на овој дуел победата дојде со резултат 39-19, резултат кој го постигна Фани Ѓорѓиевска на 25.секунди до крајот.
Трпевска и Ѓорѓиевска погодија по 7.пати, Дамјаноска имаше 6.гола, три девојки погодија по 4 пати: Стојановска, Диневска и Стефаноска. Кај голманите Трајкоска Јована имаше 6.одбрани, Грујовска сопре две топки.