Вардаровата генерација 2006 ќе игра на завршниот турнир во детската лига, откако денес на терените на ФФМ во последната елиминациска пречка се судрија токму двете екипи на Вардар. Поуспешен беше Вардар (1) кој дури по изведување на удари од белата точка го совлада „братскиот“ Вардар (2)
Во регуларниот дел натпреварот заврши со резултат 1:1. додека истиов резултат беше актуелен и на полувреме. Вардар (2) дфинитивно изненади со својата игра, тие денес можеби го одиграа својот најдобар меч сезоната, и тоа токму против „братскиот“ Вардар (1). Првата прилика ја имаше екипата на Вардар (2), кога биеше Динов, но топката заврши крај голот на Данстак, додека кај Вардар (1) се обиде Андреј Величковски кој бие силно крја голот. Се обиде и Александар Миовски кај Вардар (1), но на своето место беше голманот, Дамјан Танески. Шанса имаше и Нуман Ајетовиќ, но повторно Танески присебно ја прифаќа топката во своите раце. Ваардар (2) успева прва да го отвори резултатот и да поведе со 0:1 преку Антони Динов, но во следниот напад, односно после нецела минута, екипата на Вардар (1) успева да израмни со голот на Алтин Нуредини, за 1:1. На полувреме се замина со резултат 1:1.
И во второто полувреме видовме борбена игра од двете страни, Вардар (2) беше желен за докажување, додека Вардар (1) исто така не попушташе и го посакуваше завршниот турнир. Вардар (1) ја имаше првата голема прилика во вториот дел, кога Алтин Алији со силен удар ја погоди пречката од голот на Краљевски, но Антони Динов можеби ја пропушти приликата да го реши овој меч во регуларниот дел. После еден прекршок токму над Динов, судијата покажа пенал за Вардар (2). Одговорноста ја превзеде токму Динов, кој бие силно над голот, па така резултатот остана израмнет. Вардар (2) имаше обиди и преку Танчев, како и повторно Динов, во првиот обид одбрани голманот, додека во вториот топката оди над голот. Продолжи борбата на теренот, Вардар (1) е во голема прилика преку Марко Николовски, кој пропушти можеби зицер позиција и бие за малку крај голот од добра ситуација, додека Алији од прекин го испроба Максим Краљевски , кој со парада спречи негатива за Вардар (2). Остана уште малку до крајот на мечот и двете екипи беа претпазливи во своите обиди. Кај Вардар (1) се обиде Величковски, кој сам тргна од центарот, шутираше силно, за среќа на Краљевски, топката отиде покрја голот. Во регуларниот дел мечот заврши со нерешени 1:1, по што се пристапи на пенали.
Во пенал серијата далеку подобар беше Вардар (1) кој победи со 3:0. Вардар (2) не успеа да реализира ниту еден удар од белата точка, односно не погодија Цониќ, Танчев и Динов, додека сигурни кај Вардар беа Николовски, Ајетовиќ и Величковски. Секако ова е победа и за двете екипи, со оглед дека цела генерација заедно оди на заврш