По утринските 1/2-финални мечеви, попладнево се одигаа дуелот за злато и малото финале кај дамите во Јуниор лигата, генер.2006/07. Во големото финале РК Будимир Вардар дојде до пехарот во мечот со одличниот тим на РК Делчево Вардар. Златото го освоија со гол предност, победата дојде со 14-13.
Првиот дел започна со водство на РК Делчево, девојките на Горан Велков отворија со 0-1. Дамите на Будимир направија пресврт со два врзани гола. На средината од првиот дел беше реми 4-4. Се играше борбено, двата тима беа одлични. На одмор девојките од РК Будимир заминаа со предност од 7-6.
Вториот дел подобро го отвори тимот од источна Македонија кој успеа да се врати во игра и изeдначи на 8-8. Сепак тимот на Будимир Вардар одигра подобро во поле, на нивниот гол неколку клучни интервенции имапе Галена Димчевска, тоа беше наградено во напад за висока разлика со 14-10. Сепак Делчево не се предаде па со серија 0-3, намали на 14-13, имаше и напад за изедначување кој не го реализираше.
Во “малото финале“ на овој Јуниор Лига Ф-4 турнир, екипата на РК Кале Кичево дојде до бронза по победата над РК Нови Лисиче по пенали тие дојдоа до третто место во едне динамичен дуел.
Прв на мечот поведе Скопскиот тим, потоа Кичевчанки изедначијана 1-1. Тимот на РК Кале Кичево успеа да го однесе дуелот на одмор со два позитива за нив, односно за време на паузата водеа со 6-4. Следеше втор дел кој требаше да го даде тимот кој ќе биде “бронзен“.
Вториот дел им припадна на девојките на Ново Лисиче Вардар. Тие успеаа да изедначат и го однесоа дуелот во неизсна завршница. На семафорот стоеше 7-7 по што следеше “пенал-рулет“ за бронза. Голема драма беше изведувањето на пеналите, дури седум пати девојките изведуваа од двете екипи. Во последната серија со својата петта одбрана на Кале прилика им даде Сара Илиоска, истата ја искористи Ива Стојаноска која погоди во последната седма серија за голема радост.