Во големото финале од Јуниор лигата кај момците родени 2008 и 2009 година, тимот на РК Ангели Вардар дојде до злато. Скопскиот тим успеа во финалето кое се играше во “Јане Сандански“ да го совлада тимот на РК Седмерец од Охрид.
Дуелот започна со доминација на охриѓани кои отворија со три гола во серија и поведоа со 3-0. Веднаш клупата на РК Ангели побара минута одмор, трнерот М.Силвана реагираше веднаш, по која тие се вратија мотивирани. Успеаа со серија 1-4 да изедначат на 4-4 на минута и 15.секунди до крајот на првиот дел. Сега тимот на РК Седмерец ја искористи минутата одмор, сепак до крајот немаше тим кој има предност. На одмор се замина со резултатска симетрија 5-5.
Вториот дел беше крајно израмнет како и финишот на првиот, започнавме со резултат 6-6. Потоа на семафорот имаше уште две резултатски симетрии беше 7-7 и 8-8. Следеа последните одличувачки минути за шампионскиот пехар. Тимот на РК Ангели Вардар успеа да биде поумешен и со два гола триумфираше со 10-8. Ова им донесе злато на момците од Скопје.
Тимот на РК Партение Зографски Вардар од Скопје дојде до ‘бронза„, во малото финале момците на Билјана Пецевска беа подобри од тимот на РК Бисинов Вардар од Велес. Тие победија со резултат 9-8 на оваа средба.
Првиот дел започна со два врзани гола на скопскиот тим кој поведе со 2-0 на почетокот. Потоа велешаи беа во налет, па на два гола на скопскиот машки тим одговори РК Бисинов со тројна мерка. Тоа им донесе шанса да на одмор заминат со два гола повеќе, односно со резултат 4-6 во нивна корист.
Вториот период започна со по еден гол за почетни 5-7 во корист на тимот од централна Македонија. Момците на Пецевска се бореа постојано, тие даваа максимум и со серија 3-1 успеаа да изедначат на 8-8 пред финишот. Беа посконцетрирани и со погодок за 9-8 дојдоа до “бронза“ на овој завршен Ф-4 турнир во Јуниор лигата.