Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > ФК Вардар генер.2007 со убедлива победа обезбеди пласман на завршниот турнир во детската лига
ФК Вардар генер.2007 со убедлива победа обезбеди пласман на завршниот турнир во детската лига

ФК Вардар генер.2007 со убедлива победа обезбеди пласман на завршниот турнир во детската лига

Генерацијата на ФК Вардар 2007 ја помина и последната елиминациска пречка и успеа да се пласира на завршниот турнир во детската лига.

Нашите млади надежи кои се актуелни освојувачи на детската лига во оваа возрасна генерација, денес беа убедливи совладувајќи ја екипата на Њу Старс со резултат од 5:1. Доминација на вардаровите играчи, кои немаа големи проблеми да ја остварат победата. Противникот даде отпор само во првите 15 минути, но вардарци земаа залет, па уште во првото полувеме ги поставија работите на свое место. Првата прилика ја имавме преку Томовски, кој добро проигра со Грашеск, бие Борјан Томовски, но одбрани голманот, па така спречи негатива уште на стартот од мечот. Имаше иницијатива Вардар, следен кој се обиде беше капитенот Грашески, кој шутира крај голот. Првата поголема прилика ја имавме преку Стефан Младеновск, кој при еден дуел се избори за позиција, шутираше, но за малку крај голот на Њу Старс. Откако Битиќи шутираше, голманот исфрли во корнер, тоа беше трета корна, па судијата покажа на белата точка. Сигурен реализатор за Вардар е најмладиот Александар Грашески, кој пласира топка за предност од 1:0. Продолживме да напаѓаме, нова одлична акција, Битиќи додава до Грашески, овој шутира силно, но над голот. После еден фаул врз Шаботиќ, оправдано судијата покажа на белата точка, а втор пат од истава позиција реализира Грашески, за предност од 2:. Екипата на Њу Старс само за момент донесе неизвеснот, кога намали на 2:1, тие погодија со глава, после нафрлена топка од корнер. Можевме многу бргу да вратиме, откако во иста акција, на два пати биеше Битиќи во првата одбрани гоманот, во вториот удар, еден од противничките играчи исфрли од гол линијата и спаси чист гол. Сепак Јулијан Битиќи во следната акција успева да се запише во листата на стрелци и со удар од голема далечина да му донесе водство на Вардар од 3:1. До крајот на првиот дел уште еден гол во противничката мрежа, истиот беше дело на Шаботиќ, по асистенција на Смиљков, погоди за водство од 4:1.

Вториот дел, започна со удар на противникот, но одбрани Лука Јаневски, кој во продолжение од мечот е одлично заменет од Даниел Исајловски, кој одбрани неколку удари на Њу Старс. Најубавиот гол на овој меч е за Стефан Младеновски, кој од скоро половина терен, бие силно, топката по пречката завршува во голот, за зголемување на 5:1. Нови обиди имавме преку Марко Киш и Филип Смиљков, но немаше промена на резултатот.До крајот на мечот без големи возбудудувања, за одбележување е обидот на Смиљков, но брани голманот.

На тој начин вардаровата генерација 2007 успеа да се пласира на завршниот турнир, каде ќе има можност за одбрана на трофејот во ова натпреварување.