Вардаровата генерација 2009 е единствената која со две екипи успеа да се пласира на завршниот турнир во детската лига. Од вкупно четири како најдобри во скопско-кумановскиот регион, две екипи се токму од редовите на Вардар, што секако е успех и за стратегот на оваа генерација, Илија Колевски.
Вардар (2) повторно успеа да се надмине себеси и да ја помине и третата последна елиминациска пречка, пред пласман на завршниот турнир во детската лига, а денес јунак, како и на претходните дуели беше кој друг ако не, голманот на Вардар, Лука Грчевски. Ова момче пред кое е блескава иднина, како што знаеме настапува успешно и за генерацијата 2008, денес беше херој за Вардар (2) во дуелот со детската лига. Во регуларниот дел мечот заврши со нерешен резултат од 1:1. Првиот удар го имаше противникот, но одбрани нашиот голман, Лука Грчевски, додека во следната акција противникот ја тресе нашата мрежа и поведе со 0:1.До крајот на првото полувреме, Вардар успеа да изедначи на 1:1, со погодокот на Максим Павловски, додека Њу Старс имаше можност да го врати водството, но Лука Грчевски тоа не го дозволува, откако брани удар од белата точка. Во вториот дел не видовме некоја посериозна прилика за го, иако двете екипи правеа обиди за такво нешто, сепак беа успешно затворени сите приоди кон двата гола. Откако не падна гол во второто полувреме, се пристапи кон изведување на удари од белата точка.
Во пенал серијата, јунак за вардарци беше Лука Грчевски, кој одбрани дури три пенали на противникот, додека Вардар погоди три удари, преку токму Грчевски, потоа Колевски и Качман. На тој начин Вардар, триумфираше со конечни 4:3 на овој интересен дуел од последното коло во плеј-офот.
До победа во градското дерби кај оваа генерација стигна и екипата на Вардар (1) која ја победи екипата на Работнички. Заслужена победа за вардарци, кои имаа поголем дел од играта на овој дуел, а покрај постигнатите голови, имавме уште неколку добри шанси за погодок. Се играше акција, во која Папаливски додаде до Стојковски, кој беше прекраток во завшниот обид, па пропадна шанса за отварање на резултатот. Прв обид и кај екипата на Работнички, но одбрани Марко Баснарков, кој мора да истакнеме дека и тој денес имаше одлично издание на нашиот гол, спречувајќи неколку удари на Работнички. Токму градскиот ривал ја имаше првата голема прилика, но Баснарков одлично брани. Избраниците на Илија Колевски први успеваат да го отворат резултатот, откако во една голема мешаница пред противничкиот гол најдобро се снајде Васко Папаливски, кој носи предност за Вардар од 1:0. Ја превзедовме иницијативата на теренот, бевме во налет пред голот на Работнички, во голема шанса се најде Коста Бошковски, чиј удар го брани голманот, откако најпрво биеше Папаливски, а голманот одбрани и во тој обид. Евро гол постигна Вилијам Ангеловски, кој од половина терен успеа да го лобува голманот на Работнички и да зголеми на 2:0, резултат кој беше актуелен и на полувреме.
Во вториот дел имавме контрола на играта, а успеавме да постигнеме уште еден гол. Прв обид во овој дел од мечот имаше Папаливски, кој шутира покрај голот. Во листата на стрелци денес се запишува и Коста Бошковски, кој успева да зголеми на 3:0, по што полека се наѕираше победникот на овој меч. Од прекин се обиде противникот, но одбрани Баснарков, додека Дарин Михајовски од Вардар ја погоди стативата. Имавме можност и за четврт гол, но Васе Папаливски не реализира удар од белата точка, откако Работнички направи три корни. До крајот на дуелот се закани и Петровски Марко, но без реализација.
На тој начин оваа генерацијата е единствената од вардаровите, која со две екипи ќе се најде на завршниот турнир.