Monday ,21 April 2025
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Шест гола на Вардар за заокружување на домашните натпревари оваа сезона
Шест гола на Вардар за заокружување на домашните натпревари оваа сезона

Шест гола на Вардар за заокружување на домашните натпревари оваа сезона

Вардар не виде мака против отпишаната Победа и се прости од своите навивачи сезонава со убедлив триумф од 6:0 (4:0). Стрелци на головите денеска за нашиот тим беа Попзлатанов со три, Мицевски, Колевски и Фелипе по еден. Останува уште еден натпревар, оној против А.Пандев на гостински терен следниот викенд.

Уште во 18. минута со голот на Јован Попзлатанов, Вардар го отвори резултатот. До вториот гол се чекаше нешто повеќе од 12 минути. Успешен реализатор беше Дарко Мицевски со својот седми погодок сезонава. Јован Попзлатанов по само пет минути игра со својот втор гол денеска го донесе Вардар на веќе убедливи 3:0. За на полувреме да се замине со плус четири, се погрижи Колевски Бојан со својот трет гол оваа сезона.

Вториот дел започна со уште еден гол. Во 46.минута Ибиши несебично му даде топка на Јован Попзлатанов кој од само неколку метри погоди за свој трет гол денеска и убедливи 5:0. Само три минути подоцна падна уште еден гол во мрежата на противникот. Овој пат Попзлатанов беше асистент до Фелипе кој по земја упати прецизен удар за 6:0. До крајот на дуелот немаше промени на резултатот.