Феноменални се пионерките на ЖРК Вардар, во дуел со повозрасниот тим кој беше лидер на табелата ЖРК Деспина го фрлија на “колена“. На дербито во “Јане Сандански“ црвено-црните дами одиграа “машки“ и победија со 29-24.
Отворивме со гол од крило, Ива Ангеловска погоди од нејзина позиција за 0-1. Борјана Коцева започна со нејзиниот танц потоа, беше најактивна, серија фаули се направија над неа, девојката играше добар меч погоди и за 2-0. Дојдоа минути на гостинот кој со серија 1-3 успеа да изедначи на 3-3.
Повторно на сцена стапува Борјана, таа со два врзани гола успева да не одлепи на 5-3. Противникот со серија 0-3 го превзема водството и поведува со 5-6. На нашиот гол со својата третта интервенција дотогаш од поголема негатива не спасува Вероника Ѓорѓиевска, а капитенот Александра Коловска успева да погоди одлично за 6-6.
Влегуваме во серија, на нашиот гол Ѓорѓиевска има интервенции, одбраната е на високо ниво. Во напад Коцева Бојана и Борјана, потоа Сара Стефаноска и Мила Пешиќ “решетаа“ па поведовме со 10-6. Ривалот одма побара минута одмор. Сите девојки одиграа одлично, повторно тимскиот дух на кој инсистира Платон дојде до израз. До крајот се играше гол за гол, ние успеавме да заминеме на одмор со предност од 13-9. Треба да се напомене големината на нашето водство, ние сме пионерки, а играме во кадетска лига, противникот беше стандардно повозрасен од нас.
Деспина промаши во првиот напад, ние се трансформиравме во атак, по аситенција на Борјана Коцева одлично од крили погоди Зорица Андовска за 14-9, и прво водство за нас со пет гола. Со истата разлика од пет плус влеговме во последните 20.минути од дуелот, на семафорот стеоеше 17-12 за црвено-црните избранички на Платон и Папуџиева. Во 43.минута на 19-15, Ѓорѓиевска одбрани, судијата неоправдано ни ја одзема топката, на реакција на нашата клупа на запрепастување на сите додели “две минути“ на стручниот штаб.
Со играч помалку, со “фластер“ на Бојана Коцева бевме пред тешка задача да погодиме, Сара Стефаноска во нејзин стил во аоло акција погодува за 20-15. Помалку во поле ама големо е црвено-црното срце, Вероника уште еднаш одбрани, во напад одличен цепелин од Наталија Максимовска до Пешиќ Мила која непогрешливо стрелаше за 21-15, овој тим е вистинско задоволство да се гледа. Ние пак се одбранивме, ова беше повторно она тимското на црвено-црните, играа одлично, Борјана повторно маестрално солира и погодува за 22-15, првпат отидовме на плус седум во 47.минита.
Дојде до мала криза во нашата игра, потрошивме дел од силата, девојките се заморни бидејќи вчера гостуваа во Охрид, гостинот тоа го искористи и со серија 0-4 намали на 22-19. Кога на тимот не му иде тука е да ја прекине лошата серија Борјана, влезе помеѓу два чувара и погоди за 23-19. Противникот намали на 23-20, ние веднаш се издигнавме одлично погодија Сара Стефаноска и средниот бек, Бојана Коцева со што пак бевме на пет гола позитива, 25-20. Во последните пет минути влеговме со 27-22 на семафорот. Вероника одбрани, во напад Сара Стефаноска која стандардно игра на високо ниво, погоди за 28-22. Победата дојде со резултат 29-24.
Кај нас прв стрелец беше феноменалната Борјана Коцева со девет гола, Сара Стефаноска беше втор стрелец со пет гола, по три гола постигнаа: Зорица Андоноска и Мила Пешиќ, по два погодока имаа: Алекс Коловска, Ива Ангеловска, Максимовска Наталија и Бојана Коцева. Еден гол постигна Равојска Јана.