Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-17 > БРАВО! Пионерите на ФК Вардар со победа обезбедија 1/2фин. на Скопје куп, Велковски одбрани пенал
БРАВО! Пионерите на ФК Вардар со победа обезбедија 1/2фин. на Скопје куп, Велковски одбрани пенал

БРАВО! Пионерите на ФК Вардар со победа обезбедија 1/2фин. на Скопје куп, Велковски одбрани пенал

Денес на теренот на фудбалската федерација на Македонија во четвртфиналната пресметка од силниот меѓународен турнир со над 700 учесници, пионерите на фудбалскиот клуб Вардар се сретнаа со врсниците од екипата на ФК Металург од Скопје. Успеавме со триумф на овој дуел да обезбедиме полуфинале на овој силен турнир.

Во интересен меч победивме со 3-0 и покажавме дека сме шампионска екипа, за потсетување вардаровата генерација 2000-пионери во изминатата сезона под водство на Саше Тодоровски ја освоија “двојната круна“ во Македонија. Денес тргнаме со овие единаесетмина: Мето Велковски, Горјан Каралашев-Трајковски, Марко Стојчевски, Александар Ѓоргиески, Елвир Рамиќ, Али Адем, Виктор Пешевски, Јакуп Бериша, Кренар Дарлишта, Марко Ѓорѓиевски.

1

Во првиот дел по неколку шанси на двете страни, први отворивме со водство преку Али Адем кој погоди за 1-0 и наше водство, тој со удар по земја од 17 метри погоди за наша радост. Игравме офанзивно со цел да ја зголемиме предноста и да отидеме на одмор по првите 30 минути (колку што се игра едно полувреме на овој турнир во оваа конкуренција) со двојно поголема предност. Успеваме да погодиме за 2-0, стрелец на овој гол беше денес одличниот Кристиан Ристовски, кој реализираше рутинирано по одбиената топка од голманот. Сепак бевме во голема опасност во последните минути да се преполови нашето водство одкако несмасно стартуваше Али Адем главниот судија покажа на белата точка. Сепак ние на голот го имавме денес расположениот Мето Велковски кој со бравурозна интервенција го спаси нашиот гол и ни овозможи мирен одмор.

Во вториот дел зелено-белите атакува да спасат што можат од овој дуел, но Марко Ѓоргиевски погодува за 3-0 кој упати одличен удар од полуволеј по прекрасното нафрлување од Кренар Дарлишта за да стави точка на овој дуел. Металург напаѓаше и имаше една 100% шанса кога нивниот напаѓач излезе сам на сам со Велковски кој денес не беше расположен да биде совладан, и повторно одбрани прекрасно. Во полуфиналето се среќаваме со хрватскиот тим на Шкендија, а мечот ќе се игра утре на терените во скопската населба Илинден со почеток од 10 часот.