Ракометарките на ЖРК Вардар сериозно се подготвуваат за престојната сезона и нападот на Лигата на шампионките. Нашите девојки веќе неколку денови се во Словенија, во Терме Зрече, каде ќе останат до 18 август. Во Зрече нашите ракометарки работат по будното око на нашите тренери.
На 18 август нашите шампионки ќе настапат на 13. традиционален меѓународен турнир „Винко Кандија”. На овој турнир ќе настапат екипитe на: Домакинот Крим, потоа Подравка Вегета и Хипо. Нашите ракометарки во Скопје се враќаат на 21 август, каде ќе продолжат со тренинзите и подготовките за престојната сезона.