Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Густ распоред за ФК Вардар три меча во седум дена, два во ПМФЛ и еден во Купот
Густ распоред за ФК Вардар три меча во седум дена, два во ПМФЛ и еден во Купот

Густ распоред за ФК Вардар три меча во седум дена, два во ПМФЛ и еден во Купот

Црвено-црниот фудбалски колектив го очекува пеколен распоред кога за само седум дена ќе одигра три важни мечеви во првенството и Купот на Република Македонија. Тежината на предизвикот се зголемува бидејќи по “киксот“ во првото коло сме на минус два во однос на единствениот конкурент за титулата тетовска Шкендија која пак ни е противник во следното коло во меч кој МОРА да го добиеме и да преминеме во позитива.

Прв предизвик ни е на 14 август, недела на меч кој ќе се игра на нашиот стадион Арената “Филип втори“ одкако ни мина суспензијата од два меча изречена од фудбалската федерација на земјава. Токму во првиот меч од следните три играме дерби дома со црвено-црните од Тетово. Мора да се иде на три бода бидејќи пораз во овој дуел би значел минус пет по само две кола и пеколна есен во која би бркале постојано што додатно ќе го зголеми притисокот и ќе донесе негативна атмосфера во нашите редови. Се надеваме дека избраниците на Гоце Седлоски ќе успејат да одиграат добар меч и да не израдуваат со победа во дербито. Веднаш потоа на 17-ти, во среда гостуваме во тетовското село Порој, наш противник е екипата на нисколигашот  Скендербеу. Според пропозициите во ова коло прво 1/16-финално се игра само еден меч чии победник оди понатаму во 1/8-финалето од каде почнува веќе одигрувањето двомечи (дома-гости) за напредок со финалето кое ќе го даде победникот на најмасовното фудбалско натпреварување во земјава. Мечот во Порој е закажан за на 17 август (среда) и истиот ќе има почеток во 17 часот и 30 минути. Вардар е голем фаворит и се очекува лесно да мине понатака , во следната фаза  во 1/8 финалето првиот дуел се игра 21 септември, а реваншите 12 октомври. Двојките во 1/8-финалето се одредуваат со ново ждребување одкако ќе се знаат 14 победници од 1/16 финалето, бидејќи екипите на Младост Царев Двор и штипска Брегалница идат дирекно понатака од како во ждребот им се паднаа да бидат слободни во првата рунда. Потоа во третото коло од првата лига гостуваме кај кај противникот во елитата ФК Победа од Прилеп. Овој меч нема да се игра на стадионот “Гоце Делчев“ во Прилеп бидејќи истиот се реновира во моментот. Потребни се три од три, во купот да се оправда фаворитската улога и да се мине во 1/8-финалето, а во првенството да се отиде на плус еден во однос на Шкендија пред дуелот на 27 август дома со Брегалница Штип по што ќе следи пауза во ПМФЛ до 11.септември заради репрезентативни собири.