Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Брдаровски од првата минута во Белорусија
Брдаровски од првата минута во Белорусија

Брдаровски од првата минута во Белорусија

Нашиот играч Владица Брдаровски остана единствениот вардарец помеѓу репрезентативците, по откажувањето на капитенот, и наш голман Томе Пачовски. Владица Брдаровски и на овој натпревар е помеѓу стартерите, тој ја завзема повторно позицијата во нашата одбрана. Ова за Брдаровски е втор натпревар по ред, по оној против Украина, кога ги одигра сите 90 минути, и имаше задача да го чува еден од најдобрите украински играчи Конопјанка. Во составот се, и двајцата екс играчи на ФК Вардар, Ристовски и Стјепановиќ.

Составот на Македонија за вечерва е: Нилсон, Брдаровски, Шиков, Мојсов, Жута, Стјепановиќ, Петровиќ, Ристовски, Ибраими, Трајковски, Тричковски.