Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардарци подготвени за најважните два натпревари!
Вардарци подготвени за најважните два натпревари!

Вардарци подготвени за најважните два натпревари!

По едно неделната пауза, овој викенд повторно се враќаат возбудувањата во ПМФЛ. Следуваат двата најважни натпревари за ФК Вардар до крајот на оваа календарска година. Најпрвин во недела, нашиот црвено-црн тим и гостува на чаирска Слога. ”Чаирчани” уште во првото коло ни одземаа 2 бода во последните минути, тие ни се должници, па затоа нашите момци одат во недела на Чаир по “одмазда”. Грнчаров по пријателскиот натпревар против Македонија ЃП изјави за клубскиот веб-сајт дека се подготвени за натпреварот во недела.

Потоа, следува уште еден тежок меч, дома, против тетовска Шкендија, најголемиот конкурент за титулата во ПМФЛ. Вардарци треба само да ја повторат играта од Куманово, од вториот дел таму, и се ќе биде полесно. На таа средба ФК Вардар одигра едно одлично второ полувреме, и успеа да постигне два гола преку Фелипе и Ромеро. Подгответе се, не очекуваат две супер фудбалски пресметки на нашиот миленик, ФК Вардар.

Фото: fkvardar.mk