Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Дембеле е најпосакувано лево крило во Европа
Дембеле е најпосакувано лево крило во Европа

Дембеле е најпосакувано лево крило во Европа

Според анкетата која ја спроведе тимот на ЕХФ, за најпосакуван играч, тренер и сала, Сираба Дембеле од Вардар беше најпосакувана на својата позиција. Испитувани беа тренерите од сите екипи кои се натпреваруваат во лигата на шампиони во женска конкуренција. Требаше да се направи избор за најдобар играч на својата позиција, а тоа да не биде од својата екипа.

Убедливо најпосакувана ракометарка во Европа е романската репрезентативка и член на Будуќност, Кристина Неагу. Таа добила 12 гласови од тренерите, кои ја посакуваат во својот тим.

Драган Аџиќ е најпосакуван тренер, пред Мартин Андрос од Унгарски Ѓер. Во изборот на сала, отпадна на Морача во Погорица. На второ место се најде арената Јане Сандански во Скопје.

Вака изгледа идеалниот тим, според гласањето на сите тренери во ЛШ.

Голман: Катрине Лунде (Ѓер)
Лев бек: Кристина Неагу (Будуќност)
Десен бек: Катарина Булатовиќ (Будуќност)
Централен бек: Ники Грут (Ѓер)
Пикер: Хајди Локе (Ѓер)
Лево крило: Сираба Дембеле (Вардар)
Десно крило: Радмила Петровиќ (Будуќност)

Тренер: Драган Аџиќ (Будуќност)

Андреа Лекиќ и Јованка Радичевиќ беа втор избор на позиците среден бек, односно десно крило.