Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Александар Ѓоргиоски: Благодарност до стручниот штаб, што ми ги доделија последните минути од пријателскиот меч со Македонија Ѓ.П
Александар Ѓоргиоски: Благодарност до стручниот штаб, што ми ги доделија последните минути од пријателскиот меч со Македонија Ѓ.П

Александар Ѓоргиоски: Благодарност до стручниот штаб, што ми ги доделија последните минути од пријателскиот меч со Македонија Ѓ.П

Вчера нашиот фудбалски шампион, екипата на Вардар одигра пријателски натпревар против Македонија Ѓ.П. Паузата во првенството поради репрезентативни настапи, избраниците на Седлоски ја искористија за одржување на формата. Беше остварен уште еден триумф во низа, овој пат во пријателски меч против тимот од Ѓорче. Конечниот резултат гласеше 3:1. Она што треба да се одбележи е дебито во првиот тим на младиот голман Александар Ѓоргиоски, кој влезе во игра во 85 минута. Ѓоргиоски настапува за младинците на Вардар.

-Изминатиот период го поминав со првата екипа. Уште првиот ден бев добро прифатен од сите. Голема благодарност до стручниот штаб што ми ги доделија последните минути од пријателската утакмица со Македонија Ѓ.П. За мене тоа е големо искуство.

Утре официјално ќе се одигра првото коло од Б-лигата, во која ќе се натпреваруваат и црвено-црните. Противник е Брегалница, меч кој ќе се одигра со почеток од 15 часот во Штип.

Утре играме против Брегалница од Штип. Ние сме спремни и ќе го дадеме максимумот. Се надевам на победа. Воедно за мене претставува голема чест што сум повикан за Б екипата, и ќе се потрудам да ја оправдам довербата на стручниот штаб, изјави Александар Ѓоргиоски за Вардар фанс.

Звонко Ивановски