Во среда ќе бидат одиграни натпреварите од осминафиналето од купот на Македонија во младинските фудбалски категории. Освен пионерите и генерацијата “2003“ кои се слободни, сите останати генерации на ФК Вардар ќе имаат настапи во националниот куп. Патниците во следната рунда ќе бидат познати по одигрување на само еден натпревар, односно нема реванш мечеви.
Помладите пионери повторно ќе гостуваат во Струмица, на екипата на Академија Пандев во рамките на осминафиналето од купот. Овој натпревар ќе се одигра во среда, со почеток од 14 часот. Во неделата, црвено-црните триуфираа над истиов противник во рамките на четвртото првенствено коло, кога направија резултатски пресврт и славеа со резултат 2:4.
На теренот на академијата во среда со почеток од 15 часот, својот натпревар од соминафиналето на купот ќе го одигра и генерацијата “2004“ која за противник го има тимот на Пелистер. Оваа генерација предводена од Кралевски имаше успешен старт на сезоната во регионалната- скопска лига, каде забележа две победи, додека еден натпревар го доби со службен резултат.
Активни ќе бидат кадетите и младинците кои своите натпревари ќе ги одиграат на теренот на академијата, во среда со почеток од 10 и 12 часот. Противник ќе ни биде екипата на Милано. Ова ќе бидат први соочувања со екипата од Куманово во новата сезона, ос оглед дека не се сретнавме со овој противник во првите четири колоа во лигата. Поради квалитетот и домашниот терен, Вардарци се фаворити на двата натпревари и претеденти за пласман во следната рунда од купот.