Македонската фудбалска репрезентација до 19 години во претстојниов период, односно денес и во сабота ќе одигра два контролни натпревари против соодветната репрезентација на Романија. Мечевите ќе бидат одиграни на тренинг ценарот “Петар Милошевски„ како подготовка за квалификацискиот турнир за пласман во УЕФА елитната група квалификации за пласман на ЕП кој го организираме во Скопје, а противници ќе ни бидат Белгија, Швајцарија и Лихтенштајн.
За овие контролни натпревари, селекторот Вујадин Станојковиќ повика и четворица играчи од фудбалскиот клуб Вардар. Се работи за Тодор Тодоровски, Филип Антовски, Филип Стојчевски и Бојан Колевски.