Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Втор тим > ЖРК Вардар ќе се натпреварува во супер лигата од стартот на сезоната, Вардар Јуниор во првото коло против Металург
ЖРК Вардар ќе се натпреварува во супер лигата од стартот на сезоната, Вардар Јуниор во првото коло против Металург

ЖРК Вардар ќе се натпреварува во супер лигата од стартот на сезоната, Вардар Јуниор во првото коло против Металург

Екипата на ЖРК Вардар ќе започне да се натпреварува во супер-лигата од самиот старт на новата натпреварувачка сезона. Во просториите на РФМ беше одредена ждрепката за распоредот на натпреварите во текот на целата сезона, во која ќе се натпреваруваат осум екипи, а меѓу нив и ЖРК Вардар и Вардар Јуниор. Во првото коло кое треба да започне на 16/17 септември, двете екипи на Вардар ќе бидат домаќини во С.Ц. Јане Сандански. Вардар ќе игра против Гевгелија, додека дербито ќе биде помеѓу екипите на Вардар Јуниор и Металург. Ќе бидат одиграно вкупно 28 натпревари во текот на целата сезона и екипата која ќе има најмногу бодови ќе биде нов шампион на Македонија.

Оваа сезона најверојатно нема да има регионална лига, поради откажување на екипата на Подравка од истата, па домашната лига ќе биде еден вид загревање и подигнување на формата на црвено-црните пред натпреварите од лигата на шампионите. Вардар и оваа сезона е најголем конкурент за одбрана на двојната титула и не би требало да има проблеми околу освојување на истата. Вардар Јуниор пак ќе игра со подмладен состав и ќе се обиде да стигне до втората позиција на табелата, таму каде беше изминативе две сезони.