Уште еден успешен турнир за Вардаровите генерации, исполнет со медали, трофеи и поединечни награди. Изминативе три дена четири категории на Вардар беа дел од силниот меѓународен турнир “Гази Баба куп 2017“, на кој учествуваа екипи од Македонија, Србија, Хрватска, Унгарија и.т.н.
Вардар освои прво место кај генерација “2005“ и “2007“ додека трети бевме кај генерација “2006“, а генерацијата “2003“ своите настапи ги заврши во четврфиналето. Вардаровите играчи освоија и најголем дел од поединечните награди, во категоријата најдобар играч, стрелец и голман.
Кај генерација “2005“ за најдобар стрелец беше прогласен Никола Величковски, додека признанието за најдобар играч заврши во рацете на Матеј Гаштаров.
Во генерацијата “2006“ исто така имавме награди. Најдобар голман е Андреј Данстак, додека Марко Николовски е најдобриот стрелец.
И кај најмладите од генерација “2007“ имавме две поединечни награди. Лука Јаневски е најдобар голман, додека Стефан Младеновски го понесе признанието за најдобар играч на турнирот.