Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Во голем дел од Европа последен ден за трансфери, Вардар го официјализира Максимов
Во голем дел од Европа последен ден за трансфери, Вардар го официјализира Максимов

Во голем дел од Европа последен ден за трансфери, Вардар го официјализира Максимов

Во огромен дел од фудбалска Европа денеска е последен ден за реализирање на трансфери на играчи. Последниот ден секогаш носи големи возбудувања во најсилните пет лиги во светот, голем дел од екипите денеска знаат да “распалат” со по некоја “бомба”.

Што се однесува до Македонија, Вардар засега е најактуелен. Шампионот на Македонија по пласманот во Лигата на Европа тргна да ангажира квалитетни имиња. Како што е добро познато од пред некој ден член на црвено-црните е Вања Марковиќ. По Марковиќ, Вардар денеска треба да официјализира уште еден странец, се работи за Максимов од Русија. Русниот во Вардар доаѓа од редовите на Тракаи, покрај него не се исклучува можноста и Ѓорѓе Ивановиќ да го засили тимот на Вардар. Од друга стана пак, од тимот си заминаа Спировски и од вчера Којашевиќ.

Останува да видиме управата на Вардар за какви рокади се одлучила.