Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Локомотива треба да биде лесна пречка до 1/8 финалето
Локомотива треба да биде лесна пречка до 1/8 финалето

Локомотива треба да биде лесна пречка до 1/8 финалето

Попладнево во населбата Карпош-3 Вардар ќе го одигра заостанатиот натпревар од 1/16 финалето во националниот Куп на Македонија. Вардарци му гостуваат на второлигашот, тимот на Локомотива.

Црвено – црните се апсолутни фаворити на овој натпревар и не треба да имаат никакви проблеми кон 1/8 финалето. Тимот на Чеде Јаневски денеска ќе биде драстично изменет што е и вообичаено за ваков тип на натпревар со противник кој е неколку класи подоле од Вардар.

Очекуваме на денешиот натпревар шанса за настап во дресот на Вардар да добијат пред се новите играчи Итало, Куајнор, па можеби и Марковиќ и секако играчите кои имаат помала минутажа сезонава како Глишиќ, Алексовски, младиот Исени и др.

Натпреварот денеска ќе започне со почеток во 16 часот и 30 минути. Влезот за овој натпревар ќе биде слободен.