Двете екипи на Вардаровата генерација “2005“ освоија прво и трето место на силниот турнир “Гази Баба куп 2017“. Вардар (1) го освои првото место со триуфот во големото финале против екипата на Работнички (4:0), додека Вардар (2) во борба за третото место беше подобар од ГФК Неготино со резултат од 2:1. На крајот се доделуваа медалите за најдобрите екипи, како и трофеи.
Погледнете ја нашата фотогалерија од завршната церемонија, кај генерацијата “2005“, на кој доминираа екипите на Вардар предводени од Ане Андовски.