Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Вардар го победи Марибор и го освои бронзениот медал, кај генерација “2006“
Вардар го победи Марибор и го освои бронзениот медал, кај генерација “2006“

Вардар го победи Марибор и го освои бронзениот медал, кај генерација “2006“

Генерацијата на ФК Вардар родени “2006“ година го освоија третото место на силниот меѓународен турнир “Гази Баба куп 2017“. Избраниците на Игор Кралевски во малото финале, минимално со резултат од 1:0 ја победија екипата на Марибор од Словенија.

Решавачкиот гол го постигна Марко Николовски, со кој му донесе трето место на својот тим. Во оваа генерација првото место му припадна на Хајдук од Сплит кој ја победи Црвена Ѕвезда. Нашите надежи речиси без пораз го завршија овој турнир, со оглед дека несреќно беа поразени од Хајдук во полуфиналето, дури по изведување на удари од белата точка, откако во регуларниот дел натпреварот заврши со резултат од 1:1.

vardarfans-zaednicka

По одигрување на завршните натпревари се доделуваа и поединечни награди. Најдобар голман е Вардаровиот чувар, Андреј Данстак, додека заслужено најдобар стрелец е Марко Николовски кој постигнуваше голови на секој натпревар за тимот на Вардар.

vardarfans-najdobar-goman