Младинската фудбалска репрезентација до 19 години во претстојниов период ќе одигра два контролни натпревари против соодветната селекција на Финска, како подготовка за елитната квалификациска фаза за ЕП. Натпреварите ќе се одиграат на 27-ми февруари и 1-ви март, на тренинг центарот “Петар Милошевски“.
Селекторот на Македонија, Вујадин Станојковиќ за овие мечеви повика четворица играчи од ФК Вардар. Се работи за бековите Тодор Тодоровски и Филип Антовски, потоа играчот од средината, Филип Стојчевски и напаѓачот, Бојан Колевски.
Да потсетиме дека Македонија до 19 години за првпат во својата историја ќе игра елитни квалификации за пласман на Европско првенство. На квалификацискиот турнир кој во ноември минатата година се играше во Скопје, Македонија го освои првото место.