Македонската репрезентација до 19 години од 13. до 19. ноември го игра квалификацискиот турнир за пласман во Елитна фаза квалификации за пласман на Европско првенство. Фудбалската федерација на Македонија е организатор на турнирот, а нашата млада селекција е во група со Англија, Босна и Херцеговина и Луксембург.
Селекторот на Македонија до 19 години, Горан Станиќ за квалификацискиот турнир ќе смета на четворица играчи од редовите на Вардар. Се работи за голманите, Матеј Андов и Кристијан Китановски, потоа Александар Ѓурковски и Бојан Димовски,
Првиот натпревар од турнирот македонската репрезентација го игра на 13. ноември против БиХ од 13:00 часот, на 16. ноември (13:00 часот) се соочуваме со Англија и на 19. ноември (13:00 часот) играме против Лукембург.
Натпреварите на македонската репрезентација се играат на тренинг центарот „Петар Милошевски.