Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > Кадетите освоија бод, младинците загубија на гостувањето кај Акад.Пандев
Кадетите освоија бод, младинците загубија на гостувањето кај Акад.Пандев

Кадетите освоија бод, младинците загубија на гостувањето кај Акад.Пандев

Кадетите и младинците на ФК Вардар денес гостуваа во Струмица на екипата на Академија Пандев. Во редовното 9.коло од младинските фудбалски лиги, нашите млади надежи остварија еден нерешен резултат и пораз.

Без голови заврши кадетското дерби помеѓу екипите на Академија Пандев и Вардар. Иако и двете екипи имаа свои прилики, сепак и по истекот на 90.минути мрежите на двете екипи останаа мирни, па мечот заврши со почетниот резултат 0:0.

Вардар: Китановски, Радуловиќ- Величковиќ, Асани, Петејчук, Ѓурковски, Крстевски, Гугуљанов, Омерагиќ, Речица, Салиу, Трајановски.

Младинците не успеаа да освојат бодови и загубија минимално од тимот на А.Пандев. Единствениот погодок падна во 33 минута за предност на домаќините од 1:0, кој на крајот се покажа и како конечен на мечот.

Вардар: Андов, Зендели, Мирчевски, Костовски, Мицевски, Манасиевски, Хасановиќ, Рушити, Ристовски, Цури, Демири