Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Ќириќ: Не го личи фудбалот без навивачи, дефинитивно ДА за иницијативата на Комити и Чкембари
Ќириќ: Не го личи фудбалот без навивачи, дефинитивно ДА за иницијативата на Комити и Чкембари

Ќириќ: Не го личи фудбалот без навивачи, дефинитивно ДА за иницијативата на Комити и Чкембари

Поранешниот играч на ФК Вардар и македонската репрезентација, Саша Ќириќ, на својот ФБ профил ја искоментира одлуката на ФФМ, да не дозволи присуство на навивачи на стадионите, поради пандемијата со корона вирусот.

Ќириќ ја поддржува иницијативата на двете најголеми навивачки групи во Македонија, за враќање на публиката на стадионите, секако да има одредени протоколи за заштита. Неговиот статус ви го пренесуваме во целост.

Дефинитивно ДА за иницијативата на Комитите и Чкембарите, а претпоставувам и за другите навивачки групи, за враќање на публиката на стадионите.

Нормално со стриктни протоколи, можеби со 5-10 % од капацитетот на стадионите со што би се направила некоја дистанца, ама се со цел да не ги загубиме и тие малку навивачи што ги имаме. И така маса на луѓе беше групирана надвор од стадионите во првото коло, Комитите пред градски, Чкембарите на Тумбе Кафе, Шверцерите на карабината од стадионот.

Не го личи фудбалот без навивачи. Некој начин мора да постои, како тоа треба да биде. Најдете го !!