Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Црвено-црните заминаа за Аланија, каде ќе го одработат главниот дел од зимските подготовки
Црвено-црните заминаа за Аланија, каде ќе го одработат главниот дел од зимските подготовки

Црвено-црните заминаа за Аланија, каде ќе го одработат главниот дел од зимските подготовки

Утрово вардарци заминаа за Турција, каде до 4.февруари ќе бидат на зимски подготовки во Аланија. Црвено-црните ќе одиграат вкупно седум натпревари за време на претстојот во Аланија.

На 19 јануари, првиот „тест“ за Вардар ќе биде тимот на Иртиш Павлодар, а три дена подоцна нашиот тим ќе ги одмери силите со Сумгавит од Азербејџан. На 28 јануари ќе се игра против Александрија од Украина, а на 2. февруари следува дуел со Черно Море. Ќе бидат одиграни натпревари и на 26-ти и 28-ми јануари и на 3. февруари, а противниците дополнително ќе бидат објавени.

19598-vardarci-zaminaa-na-podgotovki-vo-alanija

Вкупно 12 младинци отпатуваа со тимот во Аланија, кои ќе се докажуваат пред стручниот штаб.