Saturday ,27 July 2024
Последни:
Home > Slider > Милосављев со 9 одбрани придонесе за прва победа на Србија, Дибиров повторно најефикасен, но Русија беше поразена
Милосављев со 9 одбрани придонесе за прва победа на Србија, Дибиров повторно најефикасен, но Русија беше поразена

Милосављев со 9 одбрани придонесе за прва победа на Србија, Дибиров повторно најефикасен, но Русија беше поразена

Во текот на вчерашниот ден нови настапи на Светското првенство забележаа играчите на Вардар, кои беа активни со своите репрезентации.

Дејан Милосављев повторно беше одличен на голот на Србија, кој со своите одбрани и помогна на својата репрезентација да ја забележи првата победа на мундијалот. Работите не тргнаа добро за србите, кои имаа негатива од 2:5, но бргу се вратија во игра, со серија од 4:0 го свртеа резултатот во своја корист (6:5). Имаше Србија и водство од 8:7, кое беше последно во првиот дел, а во тој момент вардаровиот голман стигна до својата шестта одбрана, кој беше еден од креаторите на пресвртот. Сепак Србија повторно започна да влегува во серија на грешки, а тоа го користеа корејците, кои повторно ја вратија предноста од 8:9, а до крајот на првто полувреме видовме многу погодоци, за по истекот на првите 30 минути, Кореја да има предност од 14:16.

На стартот на вториот дел, Србија не успеа да реализира три напади, затоа Кореја ја врати највисоката предност од три голови. Водеше Кореја и со 21:18, но со пробуди Воркапиќ, со чии голови, Србија успеа да го израмни резултатот. Во моментите кога се кршеше резултатот, чист зицер удар одбрани Милосављев, а неговата селекција постигна гол за водство од 26:25. Во финишот Србија се покажа како присебна, ја зачува предноста и славеше со резултат 31:29.

Милосављев повторно со одлично издание на голот, завршувајќи го дуелот со 9 успешни интервенции, додека Веркиќ имаше само 4 одбрани.

49948752_2029831843731749_4207098552955961344_n

Русија пропушти шанса со победа да се пласира во следната фаза, од која после поразот од Бразил е многу далеку. “Кариоките„ се покажаа како подобри и поцврсти и на крајот славеа победа со резултат 25:23. Лшто влезе Русија во овој дуел и речиси во текот на целиот меч бркаше негатива. По првото полувреме имаа висока негатива од пет голови разлика (10:15). Сепак во вториот дел благодарение на неколку врзани погодоци успеаа да го израмнат резултатот на 19:19. Повторно Бразил се одлепи на 2-3 голови, а Русија промаши неколку клучни удари, па на крајот мораше се помири со пораз, со резултат 23:25.

Дибиров постигна шест голови, додека по еден гол беа дело на Кисељев, Шишкарев и Калараш.