Friday ,17 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Распоред за утре и петок на Зимскиот турнир, кај момците се игра во генер.2008/09 кај дамите во 2006/07
Распоред за утре и петок на Зимскиот турнир, кај момците се игра во генер.2008/09 кај дамите во 2006/07

Распоред за утре и петок на Зимскиот турнир, кај момците се игра во генер.2008/09 кај дамите во 2006/07

Момчињата родени 2008/09, натпреварите од зимскиот турнир „Еден живот, една љубов” ги играат на 17 и 18 јануари. Зимскиот турнир е во организација на Ракометната академија Вардар, а годинава се одржува од 15 до 18 јануари.
Според распоредот за генерацијата 2008/09, во оваа категорија учествуваат шест екипи, и тоа Ангели Вардар, Општина Кисела Вода Вардар и Илинден Вардар од Скопје, Бисинов Вардар од Велес, Преспа Вардар од Ресен и Вардар Кубалибре Седмерец од Охрид.

Натпреварите траат по 30 минути, а екипите се поделени во две групи. Во петок, на 18 јануари се играат полуфиналните и финалните натпревари за оваа категорија.

Влезот на натпреварите во салата е слободен

Пропозиции и распоред за натпреварите за категоријата 2008/09: 08-09.docx

На зимски турнир во организација на Ракометната академија на Вардар,  утре и задутре ќе настапат девојките од генерацијата 2006/2007 кои ќе се борат за титулата.  Годинава на турнирот учествуваат шест екипи во категоријата 2006/07 и тоа Ново Лисиче Вардар, Ѓорче Петров Вардар, Драчево Вардар и Кисела Вода Вардар од Скопје и Кале Вардар од Кичево и Делчево Вардар од Делчево.

Пропозиции и распоред за категоријата 2006/07 женски: 6-7.zhenski.docx