Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > Slider > Вардар и Аеродром ќе играат во финалето на ракометниот зимски турнир „Еден живот, една љубов“
Вардар и Аеродром ќе играат во финалето на ракометниот зимски турнир „Еден живот, една љубов“

Вардар и Аеродром ќе играат во финалето на ракометниот зимски турнир „Еден живот, една љубов“

Пионерите на РК Вардар и Аеродром ќе играат во големото финале на зимскиот турнир, Еден живот, една љубов„ во организација на РК Вардар, кај генерацијата родени 2004/05 година.

Во првото полуфинале утрово во малата сала на С.Ц. Јане Сандански се сретнаа екипите на Вардар и Урдаревски. Очекуван триумф за црвено-црните, кои и пред почетокот на турнирот важеа за најголеми фаворити за освојување на истиот. Урдаревски само еднаш поведе и тоа за отварање на резултатот, но набрзина вардарци постигнаа три последователни голови за предност од 3:1. Даваше отпор екипата на Урдаревски некаде до средината на првиот дел, кога резултатот беше израмнет на 5:5, што беше и последно на овој полуфинален меч. Избраниците на Зенга не пропуштија ништо на случајноста, направија серија од 6:0 и се одлепија на 11:5. До крајот на првиот дел го зголемија водството и на кратка пауза се замина со висока предност на Вардар од 13:6.

Немаше проблеми за нашиот состав ниту во вториот дел, кога по само четири минути игра стигна и двоцифрената предност од 17:7. Серијата продолжи до 21:7, по што остатокот од мечот беше само рутина и прашање со кој резултат ќе заврши мечот. На крајот триумф за Вардар, со конечни 25:11.

Најдобар стрелец кај Вардар беше Кирил Симоновски со 9 голови. Мартин Сипковски постигна 5, додека Христијан Петковски додаде 4 голови.

Во другото полуфинале силите ги одмерија екипите на Карпош од Куманово и Аеродром од Скопје. Поуспешна беше екипата на Аеродром која славеше со резултат 29:20. Уште од стартот на мечот, екипата на Аеродром успеа да поведе со 0:2, за во следните три минути, тимот на Карпош да го намали резултатот на 2:3. Следеше серија на тимот од Скопје кој постигна четири голови по ред и зголеми на 2:7. Во два наврати Аеродром имаше и највисоки осум голови позитива, додека Карпош смали на шест гола негатива во еден момент. На полувреме имавме актуелен резултат од 7:14.

Немаше неизвесност ниту во вториот дел, како добра одлука испадна играњето фластер на најдобриот играч на Карпош, Давид Димевски кој беше запран во ова полуфинале. Разликата во текот на вториот дел се движеше од 6-8 голови, за на крајот и убедлив триумф за Аеродром, со резултат 20:29. Енес Идризи најефикасен со 9 голови, додека Кристијан Стаменковиќ додаде 7 погодоци.

50280366_2328481754047345_1972607191185620992_n

Така во денешното финале, кое е закажано да започне од 16:30 часот ќе се сретнат екипите на Вардар и Аеродром, додека во борба за третото место силите ќе ги одмерат екипите на Урдаревски и Карпош.