Sunday ,24 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Вардар убедливо го победи Аеродром и го освои зимскиот турнир “Еден живот, една љубов„
Вардар убедливо го победи Аеродром и го освои зимскиот турнир “Еден живот, една љубов„

Вардар убедливо го победи Аеродром и го освои зимскиот турнир “Еден живот, една љубов„

Познат е победникот на 5.издание на младинскиот ракометен турнир кој го организираше Вардар, кај генерацијата родени 2004/05 година. Тоа е екипата на Вардар која во големото финале ја совлада екипата на Аеродром и тоа убедливо со резултат 28:17.

Противникот беше рамноправен само во првите 10 минути кога се случи и последното израмнување на овој финален натпревар. Мечот започна со гол на Иле Табаков кој успева да го погоди празниот гол на противникот, со оглед дека тренерот на Аеродром уште од самиот старт играше во нападот 7 на 6. Погоди и Аеродром за израмнување, а во 8 минута откако постигнаа два последователни голови и за прв пат поведоа со 2:3. Петрушевски беше играчот кај црвено-црните кој врати и израмни на 3:3. За само четири минути започна да се “крши„ резултатот, откако Вардар успеа да направи серија од 4:1 и да поведе со 7:4, откако два гола постигна Гочев и еден Стојменов.

50418298_2026556807391155_6639722794814799872_n

Тоа беше знак за Горан Стојков да повика минута одмор и да ги смири своите играчи. Тоа даде резултат со оглед дека неговиот тим успеа да сврзе два гола и да намали на 7:6. Сепак Вардар имаше фуриозен финиш, направи нова серија од 4:1 и на полувреме замина со предност од 11:7. Погодија Трајановски и Петрушевски, па на одмор заминавме со солидна предност од четири голови разлика.

50401244_2026556780724491_3486248795526660096_n

Ако постоеше некаква дилема за тоа кој ќе победи во финалето, се беше разрешено во првите 6.минути од вториот дел кога Вардар направи серија од 6:0 и поведе со убедливи 16:7. Погодуваа Стојменов, Симоновски и Стојановски, за веќе голема предност на црвено-црните. Првиот гол во вториот дел, Аеродром го постигна дури по 7 минути игра во второто полувреме, кога намалија на 16:8. На противничката екипа не им помогна ниту играта 7 на 6, а Вардар се повеќе го зголемуваше водството. Во 32 минута стигна и двоцифрената предноста на Вардар од 20:10, откако погоди Христијан Петковски. До крајот немаше неизвесност, а финалето заврши на најубав можен начин со цепелин кој во гол го претвори Табаков, за конечен резултат од 28:17.

50480759_2026556800724489_8258216250342113280_n

Кирил Симоновски беше најефикасен играч со 6 постигнати голови, додека Марио Стојановски постигна вкупно 5. Александар Стојменов, Андреј Петрушевски и Маријан Гочев имаа по 3 голови. Добар на голот беше и Никола Спасовски кој забележа 7 одбрани. На турнирот, Вардар одигра пет натпревари и забележа исто толку победи.