Tuesday ,22 April 2025
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Екипата на Урдаревски го освои 3.место на зимскиот турнир, познат конечниот пласман на екипите
Екипата на Урдаревски го освои 3.место на зимскиот турнир, познат конечниот пласман на екипите

Екипата на Урдаревски го освои 3.место на зимскиот турнир, познат конечниот пласман на екипите

Претстојниве два дена во С.Ц Јане Сандански се одигра ракометниот турнир “Еден живот, една љубов„ кој е во организација на РК Вардар. Кај генерацијата родени 2004/05 година се натпреваруваа вкупно осум екипи. Како што известивме првото место му припадна на Вардар кој во големото финале ја победи екипата на Аеродром.

Во малото финале, се сретнаа екипите на Урдаревски од Скопје и Карпош од Куманово, победникот на овој дуел и освојувачот на третата позиција беше решен дури по изведување на удари од седум метри, во кои поумешни беа играчите на Урдаревски. Гледавме израмнет натпревар, на кој ниту една од екипите немаа поголема предност од три гола разлика. И двете екипи постојано се менуваа во водство, а откако Урдаревски стекна предност од 3:2, екипата на Карпош направи серија од 0:3 и за прв пат поведе со два гола позитива (3:5). Уште во два наврати, кумановчани имаа водство од два гола, но Урдаревски во последната минута од првиот дел успеа да го израмни резултатот на 9:9. Сепак со предност од еден гол по првото полувреме замина екипата на Карпош (9:10).

1 2

На стартот на вториот дел изгледаше дека екипата на Карпош ќе се одлепи резултатски, откако имаа предност од три гола разлика (9:12 и 11:14). Сепак како одминуваше вториот дел, Урдаревски ја стопи таа предност на противникот и успева да израмни на 16:16. До крајот на мечот се играше гол за гол. Урдаревски беше поблиску до победата во регуларниот дел, но Карпош со погодок во последните пет секунди го израмни резултатот и го донесе мечот кон изведување на пенали. Во регуларниот дел натпреварот заврши со нерешен резултат 19:19.

4 5

После изведувањето на пенали, Урдаревски славеше со резултат од 21:20 и на тој начин успеа да го освои третото место на зимскиот турнир.

Екипата на Балтепе го освои 5.место откако успеа да ја победи екипата на Бисинов која заврши како шестопласирана. Седмото место е за екипата на Преспа, додека на последното место заврши тимот на Драчево.